Франција во драматичен меч триумфираше со 35-34 против Португалија во натпреварот за третото место, на крајот освојувајќи го бронзениот медал на Светското првенство 2025.
Французите со предност од 19-17 го завршија првото полувреме, а потоа низ израмнет втор дел во кој и Португалија се менуваше во водство, на крај „петлите“ подобро се снајдоа и дојдоа до минимална победа, но сосема доволна за бронзеното одликување.
Во напната завршница пресуди пеналот на Мелвин Ричардсон на 16 секунди пред крајот, за да Шарл Болзингер во последниот напад му одбрани зицер на Антонио Ареиха за осигурана победа на Французите.
Мине со десет погодоци беше убедливо најдобар кај „триколорите“, а Нахи заврши со шест гола. Кај Португалија се издвои Кошта со седум постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА