Франција воведува ВАР технологија

Француската фудбалска лига од следната сезона ќе воведе ВАР технологија за помош на судиите, потврдено е по Собранието на професионалните клубови во Париз.

„Како што стојат работите ВАР системот ќе биде воведен од сезоната 2018/2019. Иницијативата е прифатена од страна на претседателите на клубовите, судиската организација одговори потврдно, а и јавноста е за воведување на оваа видео технологија“ – потврди претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грает.

ВАР системот од оваа сезона е воведен во Серија А и во Бундес-лигата, а од следната сезона ќе го има и шпанската Ла лига. Исто така оваа технологија веќе се користи на натпреварите од Светското клупско првенсво во УАЕ. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино потврди дека овој систем ќе биде воведен и на натпреварите на Светското фудбалско првенство.

Се вчитува...