По доаѓањето на Томас Тухел на клупата на Челси, „сините“ се наметнаа како еден од најдобрите дефанзивни тимови во Европа, но и покрај тоа лондонскиот состав ќе потроши 80 милиони евра на нов стопер. Имено, Челси е блиску до официјализирање на соработката со Жил Кунде.
Францускиот талент веќе извесно време е на радарот на клубот од „Стемфорд Бриџ“, а истиот и веќе се обиде да го доведе во своите редови во овој трансфер рокот. Тој обид отпадна бидејќи во зделката беше вклучен и Курт Зума, кој го одби трансферот во Севилја со цел да остане во Лондон.
Но, и покрај тоа што Челси и Севилја веќе ги договориле условите за трансферот, за реализацијата на „француската ротација“, потребно е Зума да ги договори личните услови со Вест Хем за трансфер вреден 30 милиони евра, а веднаш по тоа Кунде ќе „слета“ во домот на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА