Француското славје се претвори во трагедија

Франција до рано наутро славеше за освоената шампионска титула на Светското првенство во Русија. Но прославите не поминаа, за жал, без трагични сцени.

Во моментите на славје животот го загубија двајца навивачи на „триколорите“. На сред прославата поради силните турканици и пад во Анеси починал 50-годишен Французин, додека во Сен Феликс загинал 30-годишен навивач на Франција кој по големата прослава доживеал сообраќајна несреќа.

Но, не е само тоа… Во Париз, за време на прославата на трофејот, се случиле голем број грабежи. Градот беше под голема блокада на навивачите и на крајот се се заврши со судир меѓу полицијата и оние кои прославата сакаа да ја искористат за „приватни цели“.

Во еден дел на Лион хулиганите кршеа голем број автомобили, дивееја и палеа се пред себе, па неизбежни беа и судири со полицијата… Во Нанси, пак, според информации од полицијата, тешко се повредени тригодишено детенце и двегодишно девојче.

Од француската полиција известуваат дека, по нередите во дел од градовите, можни се и поголем број повредени лица.

Се вчитува...