Фред заминува од Манчестер Јунајтед?

Фред ова лето би можел да замине од редовите на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми. Бразилецот влегува во последната година од договорот со „црвените ѓаволи“, а и покрај тоа што е задоволен од клубот бара нов предизвик каде што ќе добие поголема минутажа.

Интерес за играчот од средниот ред покажува Фулам кој ова лето веќе испрати една понуда за негов ангажман како и неколку клубови од Саудиска Арабија. Со оглед на интересот за поголема минутажа, но и настап во квалитетно првенство очекувањата се дека ќе остане на „Островот“.

Фред пристигна во Манчстер Јунајтед како големо засилување во 2018 година од Шахтјор во трансфер вреден 59 милиони евра. Досега одигра 213 натпревари за „црвените ѓаволи“ на кои постигна 14 голови и забележа 19 асистенции.

Се вчитува...