Фрејзер-Прајс: Цел ми е да го урнам рекордот на Флоренс Грифит – Џојнер

Една од најдобрите спринтерки во историјата, Јамајчанката, Шели-Ен Фрејзер-Прајс, вели дека цел до крајот на кариерата е да го урне светскиот рекорд на делницата од 100 метри. Таа на крајот на минатата сезона на патеката од 100 метри на митингот во Лозана оствари резултат од 10,60 секунди.

„Сакам да трчам 10,50 секунди или 10,40 секунди. Тоа е целта, мислам дека сум на добар пат“, Фрејзер-Прајс.

Светскиот рекорд на патеката од 100 метри го постави легендарната Флоренс Грифит – Џојнер во 1988 година. Американката тогаш оствари резулатат од 10,49 сек.

Се вчитува...