Френк Лампард доби отказ од Евертон

Френк Лампард доби отказ од тренерското место во Евертон по поразот од Вест Хем во последното коло од Премиерлигата. Со него тимот од Ливерпул падна на делба на последното место на табелата со 15 освоени бода и се наоѓа во тешка ситуацијата за изборување на место во „елитата“ и следната година.

Лампард седна на „жешкото столче“ на „Гудисон Парк“ пред 12 месеци, а и покрај тоа што успеа да го спаси тимот од релегација од Премиерлигата претходната сезона, не успеа да ја направи потребната хемија за успешна сезона.

Легендата на Челси тренерската кариера ја започна во Дерби Каунти, а од 2019 до 2021 година го предводеше и Челси пред да добие отказ и на „Стемфорд Бриџ“.

Се вчитува...