Френки де Јонг е на прагот на заминување од Барселона и покрај тоа што неговата амбиција е и во иднина да ги брани боите на каталонскиот клуб. Холандскиот репрезентативец е крајно разочаран од односот на шпанскиот гигант кој постојано се обидува да изнуди намалување на платата или заминување, а и покрај тоа што го одби договорот на Манчестер Јунајтед сега е подготвен да го прифати тој на Челси.
Покрај тоа адвокатите на младиот играч испратиле и поплака до АФЕ, Меѓународната асоцијација на професионални фудбалери (ФИФпро) и Ла Лига за односот на Барселона кон Холанѓанецот. Де Јонг верува дека против него се води „медиумска хајка“ и се чини дека нема начин за да се смират страстите.
Де Јонг потпиша договор со Барселона во 2019 година, а неговите големи примања сега ја спречуваат Барселона да го испочитува финансискиот фер-плеј и да ги потпише петте нови засилувања и продолжувањето на договорите со Дембеле и Серхио Роберто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА