Фудбал нема да има, но 50.000 навивачи вечерва ќе бидат дел од историја

На македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас и неговиот Наполи им треба само бод вечерва во Удине за да станат нови шампион на Италија.

Титулата се чекаше над 30 години, од 1990 година, а сега е време да се прослави во Неапол. Се беше подготвено за викендот, но Салернитана изненадувачки освои бод (1-1) во Неапол, па прославата беше одложена за неколку дена. Сега Наполи доби втора шанса, но овојпат на гости, бидејќи вечерва гостува кај Удинезе.

Така избраниците на Лучијано Спалети можат да ремизираат и потоа да почнат да слават. На улиците на Неапол веќе течат подготовките за големата забава која треба да започне на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Тоа што денеска гостува Наполи нема да ги спречи домашните навивачи да слават голем успех. Челниците на клубот решија да организираат заедничко гледање на натпреварот на домашниот стадион на лидерот во Серија А, за кој беа распродадени сите достапни влезници по цена од пет евра.

Така, во четврток навечер на стадионот Диего Армандо Марадона ќе дојдат точно 54.000 навивачи кои со експлозија од радост ќе го чекаат последниот свиреж на судијата.

Се вчитува...