Фудбалер на Ајакс му се нуди на Јунајтед: Среќен сум за Тен Хаг, но сако ако ме земе со него (ВИДЕО)

Ерик Тен Хаг од наредната сезона ќе го предводи кормилото на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се одлучија довербата да му ја дадат на Холанѓанецот кој во изминативе години бележеше одлични резултати на клупата на Ајакс.

Пред Тен Хаг е голем предизвик, го очекува доста, работа, треба да состави тим по свој вкус и воопшто нема да биде изненадување ако видиме некого од сегашниот негов клуб.

Некои играчи веќе се споменуваат, а некои почнаа да се нудат како што е Брајан Броби. Брајан има 20 години и на почетокот на годинава се врати во Ајакс на позајмица од РБ Лајпциг, но во блиска иднина е спремен да соработува со Тен Хаг во Англија.

„Јас сум многу среќен за него. Тоа е многу убав чекор кој тој навистина го заслужува, по она што го постигна со Ајакс. Значи, да, јас сум среќен за него, но само ако ме одведе таму во две години“, рече низ насмевка Броби.

Се вчитува...