Фудбалер на Ајнтрахт си ја тужи мајката за шест дресови

Дефанзивецот на Ајнтрахт, Дани да Коста, се најде во центарот на вниманието од тотално нефудбалски причини, откако овој фудбалер реши да покрене судска постапка против својата мајка, која одбива да му врати шест дресови што овој 26-годишен фудбалер ги носел додека настапувал за младите категории во Германија.

Општинскиот суд во Кен потврди дека постои спор меѓу Да Коста и неговата мајка која тврди дека синот и ги подарил дресовите пред десетина години, па сега ги смета за лична сопственост. Еден од шесте спорни дресови е оној пшто Да Коста го носел на кадетскиот турнир во 2010 година меѓу екипите на Баере Леверкузен и на Ајнтрахт.

Доколку двете страни не постигнат договор во следните денови, дускиот процес ќе почне на 27 септември.

Се вчитува...