Фудбалер на Аталанта: Не сум доживеал ваков срам, Роналдо ме понижи по натпреварот

Робин Госенс, дефанзивецот на Аталанта, се пожали на потегот на Кристијано Роналдо кога изразил желба да го размени дресот со славниот Португалец.

Тој истакна дека се почувствувал засрамено и бедно откако Кристијано „ладно“ му кажал дека нема да му го подари својот дрес.

“После натпреварот со Јувентус сакав да го исполнам својот сон и да имам дрес на Роналдо. Кога судијата го означи крајот на натпреварот, наместо да одам да славам, отидов кај Кристијано. Го прашав: Крис, дали можам да го добијам твојот дрес? Тој дури и не ме погледна, само рече: Не! Се вцрвив, се посрамотив. Се оддалечив од него. Се чувствував толку мал … Го знаете тоа чувство кога нешто грдо ќе ви се случи и ќе се свртите за да видите дали некој забележал”, кажа Откри Госенс.

Бесот на Роналдо и не е чуден, неговиот Јувентус е во криза, а на последниот натпревар каде се очекуваше лесна победа за тимот на Торино, колегите на Кристијано повторно направија кикс и остварија само реми.

Се вчитува...