Фудбалер на Баерн Минхен оди во затвор бидејќи заминал со сопругата на меден месец

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лукас Хернандез, ќе мора да мине шест месеци во затвор откако ја прекрши условната казна што му беше изречена од судот во Мадрид, уште додека го носеше дресот на Атлетико Мадрид.

Тогаш тој беше осуден за насилство врз сопругата Амелија де ла Оса Љоренте, за што доби казна од 31 ден општествено корисна работа, плус условна казна да не смее да се приближи ниту пак на било кој друг начин да комуниција со Амелија.

Според најновите документи на мадридскиот суд, условната казна е прекршена откако тој и сопругата заедно заминале на меден месец во САД, по што се вратиле на 13 јуни. Хернандез и тогаш бил приведен на аеродромот Барахас, по што бил пуштен на слобода, но било покренато ново обвинение за него, овојпат за прекршување на судската забрана.

Обвинителството барало затворска казна од една година, адвокатите на Хернандез барале повторно да биде одредена санкција преку социјална корисна работа, но откако било утврдено дека тој не ги исполнил ниту оние 31 ден кои претходно му биле изречени, судот донел одлука за затворска казна од шест месеци за францускиот дефанзивец.

Жалбата на судската одлука од страна на адвокатскиот тим на фудбалерот веќе е одбиена, па тој мора да се појави лично во судот на 19 октомври, да го избере затворот каде ќе ја отслужува казната.

Се вчитува...