Играчот на Бетис, Феликс Гарета се наоѓа во индуцирана кома, откако добил тешки повреди на главата. Тој е во животозагрижувачка состојба, откако добил повреди по пад во својот дом.
20-годишниот Гарета од минатото лето е на позајмица во Аморебиета, и се наоѓа во болница во Барселона. Лекарите не сакаат да даваат никакви прогнози, и го чекаат понатамошниот развој на ситуацијата.
Гарета оваа сезона запиша 31 настап и четири погодиц за Аморебиета во Лига 2. За Бетис играше два пати, по еден во Ла Лига и во Купот на Кралот. Играше и за младата репрезентација за која настапил седум пати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА