Фудбалер на Фулам уапсен поради закана за смрт до својата сопруга

Иса Диоп денеска е уапсен од страна на француската полиција поради закани за смрт до неговата сопруга со која е во процес на развод, пренесуваат тамошните медиуми. Фудбалерот на Филам се наоѓа во притвор во Тулуз и ќе остане таму до расчистување на случајот за кој веќе се изјаснил како невин.

Според француските медиуми до жестока кагва дошло бидејќи одбил да плати голема сума на пари како дел од спогодбата за развод, а е приведен поради закана дека „ќе се реши од неа“.

Се вчитува...