Фудбалер на Ливерпул на Нова година оди на суд

Прва работа што ќе треба да ја направи Џон Фланаган во 2018 година ќе биде да се јави на суд. Полицијата поднесе обвинение против фудбалерот на Ливерпул поради учество во инцидент и напад на друг човек и тој на 2 јануари мора да се појави на суд. Фланаган минатата недела бил вмешан во тепачка и бил уапсен во раните утрински часови.

Досега полицијата во Ливерпул не открила детали за инцидентот, а од клубот само потврдуваат дека Фланаган бил вмешан во тепачката.

Фудбалерот на Ливерпул потоа бил ослободен со кауција, но го чека судскаат разврска на 2 јануари, еден ден по неговиот роденден на првиот ден од новата година.

Се вчитува...