Фудбалерот на Вест Хем Јунајтед, Курт Зума и неговото семејство претрпеле голем стес изминатиот викенд откако вооружани крадци влегле во неговата куќа во Лондон додека во истата биле и неговата сопруга и четирите деца.
Крадците им се заканувале со смрт, но на крајот за среќа заминале само со драгоцености во вредност од 100 илјади евра, пренесуваат медиумите на „Островот“.
Поради тоа Зума го пропушти натпреварот против Кристал Палас во неделата, а премиерлигашот се огласи и на социјалните мрежи каде понуди награда од 25 илјади евра за секој кој има информации за сторителите на казненото дело.
Kurt Zouma missed the Palace match due to a home invasion his family suffered the night before.
West Ham have offered 25,000💷 to anyone with information that leads to the prosecution of the burglars.
The criminals took around 100,000 of cash and jewelry.
We’re With you, Zooo pic.twitter.com/5mhYJEjRsQ
— Hammerz Reels (@ReelHammerz) December 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА