Фудбалери на Арсенал фатени во непочитување „социјална дистанца“, ќе следат казни

Англискиот премиерлигаш Арсенал потврди дека неколку негови фудбалери ги прекршиле мерките од англиската влада во насока за превенција и сузбивање на пандемијата од коронавирусот.

Станува збор за Давид Луиз, Александар Лаказет, Николас Пепе и Гранит Џака. Сите фудбалери се снимени на различни локации како ги прекршуваат мерките за „социјална дистанца“. Од Арсенал порачаа дека со сите четворица е разговарано и ќе следат казни.

Претходно и фудбалери на Тотенхем се најдоа во слична ситуација, кога неколку фудбалери заедно со менаџерот Жозе Мурињо беа снимени за време на еден тренинг во парк. Португалецот беше принуден да ја признае својата грешка истакнувајќи дека „неговото однесување не било во склад со владиниот протокол“.

Се вчитува...