Фудбалери на Лестер имаат симптоми на коронавирус

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Лестер, Брендан Роџерс изјави дека неколку фудбалери на неговиот тим имаат симптоми на коронавирус.

„Имаме неколку фудбалери кои имаат симптоми на коронавирус. Во моментов е процедура околу констатирање на тоа дали се заразени и тие фудбалери се изолирани од останатите во клубот“, изјави Роџерс. 

Претходно денеска медиумите во Англија објавија дека тројца фудбалери се пожалиле на симптоми за коронавирус, тројцата биле дел од иста екипа, по што управата на клубот побарала тестирање на целиот тим.

 

 

Се вчитува...