Италија грчевито се бори со Covid-19, a во една таква ситуација неизвесно е кога и дали би можело да се продолжи натпреварувањето во Серија А. Раководството на лигата планира продолжување откако ќе заврши пандемијата, а согласна е и Асоцијацијата на професионални фудбалери, но само доколку биде максимално заштитено и здравјето на натпреварувачите.
„Од Серија А па до најниските лиги, поради безбедносни причини, можеби и не е возможно натпреварувањата да се доиграат до 30 јуни, но би можеле да продолжат и по тој датум. Условите за продолжување на натпреварувањата мора да се одвиваат под максимален медицински надзор за фудбалерите и во согласност со сите совети што ќе ги издадат лекарите“, се вели во сооппштението на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Италија.
На „чизмата“ коронавирусот коси, има повеќе од 11.500 жртви, но охрабрува фактот дека процентот на заболени од Covid-19 полека се намалува во споредба со претходните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА