Европскиот првак Реал Мадрид е во голема резултатска криза. По дебаклот во „Ел Класико“ сменет е тренерот Хулен Лопетеги, а како привремено решение е именуван Сантијаго Солари, стратегот кој работи со Б-тимот на „кралскиот клуб“. Во последен момент пропадна идејата на претседателот Флорентино Перез за да го назначи Антонио Конте за нов шеф на стручниот штаб, откако Италијанецот побара долгорочен договор, а раководството на Реал Мадрид во моментов нуди само двегодишна соработка.
Тензијата во соблекувалната и понатаму е присутна, но речиси сите се сложни во едно, сакаат да се врати Зинедин Зидан на кормилото. Со него освои три титули во Лигата на шампионите во последните четири сезони. Популарниот Зизу си замина по освоената титула во финалето на ЛШ во Кардиф, кога Реал Мадрид го совлада Ливерпул со 3-1. Французинот не беше на иста бранова должина со Флорентино Перез токму околу изгледот на тимот за новата сезона. Зидан побарал Реал Мадрид да го купи Еден Азар, во моментите кога станало јасно дека Кристијано Роналдо нема да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Но, тоа не му беше овозможено.
Потоа беше ангажиран Хулен Лопетеги, и тоа се покажа како огромна грешка на Флорентино Перез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА