Фудбалерите и навивачите на Милан се смирија (ВИДЕО)

По вчерашното „постројување“ по поразот од Специја со 2-0, денеска навивачите на Милан се собираа во голем број на тренингот на клубот во знак на поддршка.

Според италијанските медиуми, страстите се смирени и фудбалерите на Стефано Пиоли ќе ги имаат навивачите на своја страна во битката која следи во Лигата на Шампионите.

Во неа Милан ќе мора да надомести негатива од два гола против градскиот ривал Интер.

Се вчитува...