Фудбалерите ќе имаат максимална поддршка: На две недели пред мечот со Велс веќе продадени 5.000 билети!

Македонската репрезентација очигледно ќе има максимална поддршка на арената „Тодор Проески“ на стартот од новиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026.

Македонија на 22 март ги почнува квалификациите со гостувањето против Лихтенштајн, а потоа на 25 март на најголемиот македонски стадион го пречекува Велс. Уште од сега е јасно дека владее голем интерес за пресметката со Велшаните, ако се суди според брзината на продажбата на билетите.

„Дури на две недели пред натпреварот веќе се продадени 5.000 билети што не е случено досега пред ниту еден натпревар“ – информираат од Фудбалската федерација на Македонија.

Како што е познато, Македонија во квалификациите за СП 2026, покрај со Лихтенштајн и со Велс, е уште во група и со Белгија и Казахстан.

Се вчитува...