Фудбалерите му вртат грб на Солскјер, Роналдо се заканува со заминување

Поразот во градското дерби против Сити, само уште еднаш ја „прели чашата“ на „Олд Трафорд“, од каде што доаѓаат информации за своевиден бунт на дел од фудбалерите, кои искажуваат фрустрации од начинот на работа и тренирање од страна на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Претходно, „ѓаволите“ беа прегазени од Ливерпул (0-5), но тоа не беше причина управата да го смени тренерот, кој, сега, е во полоша ситуација особено што почнува да добива напади од сопствените играчи. Според „Дејли Мејл“, еден од најнезадоволните е Бруно Фернандеш, кој смета дека не добива доволно инструкции на теренот од стручниот штаб. Исто така, фудбалерите се на страната на Дони ван де Бек, кој сезонава одигра само 16 минути иако според многумина тој заслужува далеку поголема минутажа. Лут е и Кристијано Роналдо, што се забележува и на теренот, каде што редовно ги искажува своите фрустрации, но фрустриран е и поради неверојатно нискиот ритам на тренинзите.

Денеска се појави информација дека Роналдо дури се заканил дека ќе замине, ако екипата не се квалификува во ЛШ следната сезона.

Според весникот, со губењето на поддршката во солблекувалната, прашање е само на време кога Солскјер ќе добие отказ, а главен фаворит да го наследи е Брендан Роџерс кој прифатил да седне на клупата на Јунајтед.

Се вчитува...