Фудбалерите на Барселона се чувствуваат измамено

Ситуацијата во соблекувалната на Барселона воопшто не е добра. Многу фудбалери од првиот тим се чувствуваат измамено по преодниот рок кој многу ветуваше. Дел од фудбалерите се разочарани бидејќи клубот не се потрудил доволно за да го врати Нејмар, а некои од фудбалерите се погодени бидејќи клубот се обиде да ги искористи за доведување на Бразилецот, а еден од нив е и Хрватот Иван Ракитиќ.

Проблем е и непрофесионализмот на Осман Дембеле, кој откако е на „Камп ноу“ повеќе е повреден него што игра фудбал.

Во Каталонија на големо се зборува и за податокот дека тимот едноставно без Меси го нема квалитетот за освојување на трофеи. За среќа на Каталонците следува репрезентативната пауза каде ќе можат да ги средат проблемите во клубот.

Веднаш по паузата Барса ја очекува дерби со Валенсија во „Ла Лига“, а потоа и гостување против Борусија Дортмунд во првото коло од Лигата на шампионите.

Се вчитува...