Фудбалерите на Јунајтед ќе се откажат од 30 отсто од платата

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се првите од Премиер-лигата кои прифатија намалување на платата како помош во борбата со пандемијата од коронавирусот. Тие се откажаа од 30 отсто од своите месечни плати, пари кои ќе бидат пренаменети за болниците кои се борат со пандемијата.

Капитенот на тимот Гери Мегваер оваа одлука му ја предложил на директорот на клубот Ед Вудворд кој веднаш ја прифатил.

Легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер вчера се одлучи својата плата да ја донира на британскиот црвен крст како помош за најзагрозените од пандемијата на Ковид-19.

Се вчитува...