Фудбалерите на Манчестер Јунајтед побегнале од хотел поради коронавирус

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед побегнале од хотелот во Марбела откако дознале дека претходно во хотелот престојувал кинескиот Далиан Јифанг. Фудбалерите на Јунајтед се на подготовки во Шпанија, а веднаш по дознавањето на веста дека пред нив во хотелот бил тимот предводен од легендарниот Рафаел Бенитез, одлучиле да ја променат локацијата.

На крајот добиле луксузен хотел во кој можеле да бидат помирни, но очигледно дека голем страв владее меѓу фудбалерите и раководството на клубот од „Олд Трафорд“. Интересно е дека нивното последно засилување, Одион Игало доаѓа од Кина. На него му е забрането да му се придружи на тимот, а ќе биде интересно да се види односот кон фудбалерот по враќањето на тимот во Манчестер.

Се вчитува...