Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сами ќе си ја перат опремата

Ѕвездите на Манчестер Јунајтед добиле насоки од клубот дека треба да се подготвуваат за враќање на тренинзи на 18. мај. И оваа информација добро ја примиле, но потоа следувало изнеандувањето клубот ги информирал играчите за другите детали. Тие ќе треба сами да се грижат за перењето на опремата и на дресовите. Ова поради тоа што пералната во клубскиот тренинг центар не смее да биде отворена поради проблемите со коронавирусот.

Играчите на Манчестер јунајтед ќе треба да доаѓаат во тренинг центарот сами, ќе работат во мали групи веројатно по систем на ротација со оглед на потребата на специфични шеми за тренинг и на крајот ќе мора да се тушираат дома.

Дел од играчите на Јунајтед велат дека ова за нив се прифталиви услови со оглед дека претходно секако беа „размазени“ од луксузните услови што им ги нуди клубот.

 

 

Се вчитува...