„Фудбалерите на Црвена Звезда работат како водоинсталатери“ (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Астон Вила, Стивен Ворнок кој работи како стручен консултант за „Скај спорт“ го коментираше извлекувањето на групите за новата сезона во Лигата на шампионите.

Тој ги анализираше тимовите кои што ќе настапуваат во елитното европско натпреварување, а за фудбалерите на Црвена Звезда изјави дека покрај тоа што се фудбалери, тие работат и како водоинсталатери.

„Тие се вработени на одредено работно време. Има многу од нив кои минатата сезона работеа како водоинсталатери или нешто слично. Тоа само по себе е импресивно“, изјави Ворнок. 

Црвена Звезда се наоѓа во групата Б, заедно со екипите на Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос.

 

Се вчитува...