Фудбалерите се ПРОТИВ: Ќе ги дадеме парите во здравство, не во џебовите на милијардерите

Фудбалерите во Премиер-лигата жестоко се спротивставија на идејата за намалување на нивните плати како дел од економските мерки на елитното англиско фудбалско друштво. Премиер-лигата на последниот состанок им сугерираше на клубовите да почнат преговори со играчите за да ги намалат трошоците во овој период во кој немаат никакви приходи, но фудбалерите не сакаат ни да слушнат за ваков развој на ситуацијата.

Причината не е себичност, далеку од тоа, туку фактот дека играчите сметаат дека ако треба да се откажат од свои пари за да помогнат за коронавирусот, тогаш тие пари треба директно да се насочат кон здравствените установи, а не да останат во џебовите на газдите.

„Би ги дале парите на националната здравствена служба, тоа е нормално решение, а не да им помогнеме на нашите богати сопственици. Речиси сите газди на клубови се милијардери, така што нашите пари не им се толку неопходни колку на здравството. Исто така, нашиот рез од 30% од платите би собрал вкупно околу 500 милиони фунти, што би значело дека и државата би добила 200 милиони фунти помалку од предвиденото на име даноци. Знаете ли што тоа ќе претставува за здравството, за оние кои се најпогодени во целата ситуација. Парите не се проблем, голем дел од нас веќе анонимно донираа значителни суми, но сакаме со тие пари да помогнеме во оваа борба, а не дополнително да ги полниме џебовите на милијардерите“, гласи ставот на премиерлигашките фудбалери.

Меѓу најистакнатите имиња во ова здружение се капитените на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, Џордан Хендерсон и Хари Мегвајер, потоа Кевин де Бруине, Хуго Љорис, Цезар Азпиликуета, Трој Дини…

Се вчитува...