Фудбалската асоцијација на Англија информира дека 258 играчи, нејзини членови се обратиле до организацијата за да побараат помош и поддршка за менталното здравје во само две недели. Оваа бројка е за дури 40 проценти повисока од вкупниот број случаи во целата 2019 година. Голем дел од овие фудбалери се од најсилната конкуренција. 13 случаи биле категоризирани како високоризични. Во дел од случаите се работи за проблеми со зависности и депресија.
Фудбалската асоцијација е загрижена за психичкото здравје и влијанието што коронакризата ќе го има на играчите. За добра информација сепак може да се смета фактот што најголемите дел од фудбалерите имат проблеми поради здодевноста во изолацијата. Дел од клубовите се обидуваат да се справат со овој проблем ангажирајќи стручњаци за ментално здравје.
Премиер-лигата е во прекин од средината на март, а клубовите се подготвуваат да почнат со тренинзи, за потоа кога кризата со корнавирусот ќе биде намалена да почнат да му се враќаат на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА