Фудбалерите во Премиер-лигата место имињата ќе носат натпис „Black Lives Matter“

Англиската Премиер-лига објави дека сите фудбалери до крајот на сезоната наместо нивните имиња на дресовите ќе го носат натписот „Black Lives Matter“ во знак на поддршка на протестите во САД.

„Ние фудбалерите стоиме заедно како би оствариле само една цел, а тоа е спречување на расизмот било каде како сите во глобалното општество би добиле почитување и еднакви шанси, без разлика на бојата на кожата“, стои во официјалното соопштение. 

Од Премиер-лигата додадоа дека ќе ги поддржат фудбалерите во текот на натпреварите да клекнат како поддршка на протестите против убиството на Џорџ Флојд.

 

Се вчитува...