Женската фудбалска репрезентација на Македонија со пораз од Азербејџан на домашен терен на „Петар Милошевски“ во Битола од 1-3 го заврши настапот во квалификациите за СП во лигата Ц.
Гостинките поведоа со 0-1 со погодокот на Бакарандѕе во 8. минута од натпреварот. Само три минути подоцна нашите девојки успеаја да израмнат на 1-1 преку Мустафа. До крајот на првиот дел Азербејџанките постигнаа уште два гола (1-3), преку Молајева во 28. и Мирзалиева во 37. минута.
Во вториот дел мируваа мрежите, а Азербејџан на крајот стигна до полн плен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
