Фудбалерот на Челси повеќе не сака да клечи

Фудбалерот на Чесли, Маркос Алонсо повеќе не сака да клечи пред почетокот на натпреварот како знак на поддршка за борбата против расизамот.

Овој тренд започна заедно со движењето ‘Black lives matter’ по протестите за расизам во Соединетите американски држави, но полека го губи „сјајот“ и се помалку се практикува, а Шпанецот има и друга идеја за истото.

„Се противам на расизамот и било каква форма на дискриминација, но попрво би покажал на знакот на кој пишува: ‘Нема место за расизмот’, како што прават фудбалери и други спортисти во разни земји. Да бидам јасен. Се противам на расизмот и ги почитувам сите. Дали мојата одлука да не клечам има врска со политика? Не знам, само сметам дека е подобро на друг начин да реагирам. Тоа е мојот начин на изразување на став“, изјави Алонсо.

Се вчитува...