Фудбалерот на Охрид, Мерсовски спаси три малолетни деца од давење

Фудбалерот на македонскиот второлигаш Охрид, Един Мерсовски успеа да спаси три малолетни деца од давање, пренесува порталот „news1.mk“. Инцидентот настанал откако едно од дечињата додека седеле на мостот се лизнало и паднало во водата, а другите сакајќи да му помогнат скокнале по него.

За среќа целата ситуација заврши добро, а дечињата кои се на возраст од 8 и 9 години се добро и немаат никакви повреди.

Се вчитува...