Фудбалот го слави големиот „кам-бек“ на Ериксен – Данецот и официјално денес ќе настапи за Брентфорд

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен конечно денес ќе го има своето деби за Брентфорд во официјален натпревар. Тој имаше вистинска животна драма минатото лето на Европското првенство, кога среде терен доживеа срцев удар, а лекарите буквално со минути се бореа да го повратат во живот.

Откако се случи тоа, тој се опоравуваше, му беше вграден дефибрилатор, но законите во Серија А, му наложија дека тој повеќе таму не може да игра, па мораше да си побара друг клуб.

Среќа си најде во Премиер-лигата, односно во Брентфорд, каде денеска е најавено неговото деби.

Брентфорд од 16 часот го пречекува составот на Њукасл, ова ќе биде директна пресметка за едно од местата од 14 до 17 место каде во моментов се Брентфорд и Њукасл.

Се вчитува...