Фудбалот се игра за навивачите – Челси нема да биде дел од Суперлигата

Непосредно по големиот протест кој го имаа најверните фанови на Челси пред „Стемфорд бриџ“ на кој не му дозволија на клупскиот автобус да влезе на стадионот за мечот со Брајтон, од раководството на лондоскиот клуб паднаа под притисокот и решија да се откажат од учество во Суперлигата.

Тоа значи дека Челси е првиот тим кој се откажува од ова натпреварување, а во следните денови се очекува тоа да го направат и останатите премиерлигаши. Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека нема да добијат работни дозволи клубовите кои ќе учествуваат во Суперлигата, што ќе претставува голем проблем.

Во Шпанија и Италија протестети се многу помали, па се очекува да се види дали и овие клубови ќе подлегнат под големиот притисок кој го имаат од фудбалската јавност.

 

Се вчитува...