Фудбалот се враќа на домашната сцена: „Пандевци“ ги напаѓаат „лавовите“ во Ѓорче Петров

Со денешниот натпревар меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев во Ѓорче Петров повторно на сцена се враќа прволигашкиот фудбал, по репрезентативната пауза.

„Пандевци“ водени од претходниот победнички ритам сега ги напаѓаат „лавовите“ во желбата за дефинитивно издвојување од последните позиции на табелата, иако е јасно дека тимот на Жикица Тасевски и тоа како атакува на бодовите во битката за европски излез.

Останатите натпревари од 25. коло во Првата македонската фудбалска лига се играат утре.

ПРВА ЛИГА – 25. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ

УТРЕ (15 ч.)

Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА

Струга: СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА

Се вчитува...