Фудбалот во 21-от век: На имиџот на Винисиус работи тим од 39 луѓе

Бразилскиот репрезентативец Винисиус Џуниор треба да биде иконата на Реал Мадрид во следната деценија, а клубот и спонзорите работат на случајот да ги наплатат услугите на младиот фудбалер во најголемата можна мера. Со таа цел на неговиот имиџ работи тим од 39 луѓе, пренесува шпанската „Марка“.

Интересно, една маркетиншка агенција е задолжена само за уредување на неговите социјални медиуми, а во моментот на платформата Инстраграм, Винисиус има 12 милиони следбеници.

Бразилскиот напаѓач е дел од „кралскиот клуб“ од 2018 година и досега одигра 128 натпревари на кои 20 пати се запишуваше во листата на стрелците. За репрезентацијата на Бразил одигра шест натпревари.

Се вчитува...