Фудбалот во Франција се враќа во јуни – Последната одлука ја носи владата

Француската фудбалска лига би можела да биде продолжена во јуни, но конечната одлука ќе ја има владата. Французите одлучија на 11. мај да почнат со тренинзи. Фудбалерите прво ќе бидат тестирани, а потоа би можеле да се вратат во тренажен процес, додека првенствата во Лига 1 и Лига 2 би требало да продолжат во месец јуни.

Сепак, овој план се уште не е потврден од властите во Франција, но фудбалската федерација на оваа земја се надева дека фудбалот ќе може да се врати за да биде завршената сезоната. За потсетување лигата беше прекината во средината на месец март поради пандемијата од коронавирусот која го зафати цел свет.

Се вчитува...