Фудбалска Англија во неизвесност: Премиер-лигата денеска ќе одлучува за одложување на првенството

Фудбалска Англија е во неизвесност, имајќи предвид дека попладнево сите 20 клубови од Премиерлигата ќе одржат состанок на кој ќе се разговара за Ковид-кризата која направи многу проблеми во распоредот на натпреварите. За потсетување, во изминатиов викенд се одиграа само четири натпревари од можни десет.

Сите беа одложени поради многу позитивни случаи на Ковид-19 меѓу играчите и стручниот штаб во клубовите. Челси беше последниот тим, кој вчера побара одложување на натпреварот во Вулверхемптон, но Премиерлигата не дозволи откажување на мечот два часа пред почетокот на истиот.

Клубовите денеска ќе разговараат за одложување на 20-тото коло во Премиерлигата, кое е закажано од 28 до 30 декември. Можно е и привремено стопирање на првенството, барем до почетокот на новата година.

Се вчитува...