Фудбалска Италија во паника: Заразени новинари биле во кампот на фудбалерите

Италија ќе биде противник на Англија во големото финале закажано на „Вембли“ во недела од 21 часот, но кај „аѕурите“ во моментов владее голема паника поради Ковид-19.

Италијанските медиуми наведуваат дека биле откриени тројца новинари од телевизијата „Раи Спорт“ кои добиле резултат дека се позитивни на Ковид-19, а контактот бил воспоставен откако тие добиле работен ангажман да ги следат италијанските репрезентативци на Евро 2020, па биле присутни во нивниот камп.

Двајца од новинарите пристигнале во Лондон заедно со „аѕурите“, а третиот бил со репрезентацијата во нивниот тренинг-камп, па засега не е откриено во колку близок контакт биле и со кои фудбалери.

Фудбалскиот сојуз на Италија го затвори тренинг-кампот и ги испрати фудбалерите на дополнителни тестови за да се дознае дали има позитивни членови на Ковид-19.

Се вчитува...