Фудбалска треска во Рома, Мурињо носи фудбалери од Премиер-лигата

Рома не игра според стандардите на Жозе Мурињо, па тренерот во јануарскиот преоден рок планира неколку засилувања и тоа повторно од Премиер-лигата.

Тој изминатото лето во Рим го доведе Тами Абрахам од Челси, а планира уште еден играч на „сините“. Се работи за Рубен Лофтус-Чик, кој во Челси нема голема минутажа. Во Рома Мурињо би му овозможил многу повеќе простор за игра.

Во актуелниот тим на „волчицата“ само еден играч од средниот ред е сигурен во првите 11, а тоа е капитенот Лоренцо Пелегрини. Останатите се и тоа како заменливи, па втор на листата на желби на Мурињо е Хери Винкс од Тотнхем.

Португалецот сака и нов десен бек на местото на Рик Карсдорп и за оваа позиција го „мерка“ Диого Далот од Манчестер јунајтед. Младиот Португалец лани беше на позајмица во Милан и одигра одлична сезона, а сега во Манчестер повторно нема никаква минутажа.

Рома во летниот преоден рок потроши 90 милиони евра на нови играчи, а во јануари повторно ќе треба да потроши мало богатство за да ги доведе овие тројца играчи.

Се вчитува...