Фудбалската треска почна – кулминацијата е на „Телеком арена“ (Фото + видео)

Возбудливо е попладнево во центарот на Скопје, каде фанови на Манчестер јунајтед и на Реал Мадрид се подготвуваат за пресметката на нивните миленици, закажана за 20.45 часот на „Телеком арена“.

Илјадници фанови во боите на двата клуба можат да се забележат во и околу фан-зоната, како и во бројните кафулиња и ресторани во строгиот центар на градот, а дел од нив веќе се упатија на локации поблиски до стадионот.

На прв поглед, во поголем број се Англичаните во однос на Шпанците, но и „мадридистите“ ќе имаат значајна поддршка, од навивачите од Македонија и од регионот кои дојдоа во Скопје за да ги бодрат избраниците на Зинедин Зидан.

ЕКИПА пренесува дел од атмосферата во центарот на градот на помалку од четири часа до стартот на Суперкупот на Европа.

[new_royalslider id=”730″]

Се вчитува...