Фудбалски агент е уапсен по сомнение дека со огнено оружје му се заканувал на засега анонимен фудбалер кој настапува во Премиерлигата е и во третата деценија од животот, откриваат медиумите во Англија.
Според „Би-би-си“ тоа било „страшно искушение“ за неименуваниот фудбалер чиј клуб е известен за инцидентот.
Истата личност наводно уценувала и се заканувала кон уште едно машко лице во истиот инцидент кој се случил на 6. септември во 23 часот и 14 минути според пријавата во полиција.
Трисетиеденгодишникот е уапсен и ќе му се суди за поседување на огнено оружје со намера, уцена и возење без дозвола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

