Фудбалски маестро: Де Бруине стигна до 100 асистенции

Кевин де Бруине ја потврди светската класа стигнувајќи до фантастичен јубилеј на вечерашниот дуел со Кристал Палас, на кој белгискиот ас ја имаше својата асистенција број 100 како член на Манчестер Сити.

Тој стигна до јубилејот во голем стил, со „надворешен фелш“ пронаоѓајќи го Стоунс, кој немаше тешка задача да го совлада голманот Гуаита.

Де Бруине е член на Манчестер Сити од 2016 година и дефинитивно е меѓу најзаслужните за доминацијата на „граѓаните“ на англиската фудбалска сцена во изминатиот период.

Се вчитува...