Фудбалски празник на „Олд трафорд“ – Мектоминај повторно херој на Јунајтед (ВИДЕО)

Во крајно неверојатен натпревар Манчестер јунајтед славеше на домашен терен со 2-1 против Челси како дел од 15. коло во англиската Премиер-лига.

Домаќините пропуштија шанса уште во 9. минута да стигнат до водство откако Бруно Фернандеш не реализираше пенал. Сепак, до водство од 1-0 стигнаа само десет минути подоцна кога Скот Мектоминај одлично стрелаше.

До крајот на првиот дел гостите ги искористија големиот број промашувања на „црвените-ѓаволи“ откако израмнија преку Палмер во 45. минута.

Херој за „црвените-ѓаволи“ по кој знае кој пат сезонава беше Скот Мектоминај кој со својот втор гол на мечот донесе триумф (2-1) во 69. минута.

 

Manchester United [2] – 1 Chelsea – Scott McTOminay 69′
byu/PSGCampus insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...