Фудбалски тренинзи без фудбал: Како ќе се тренира во Премиер-лигата

Дезинфицирани терени, фудбалери во група од по петмина и со забрана за контакти или било какви вистински фудбалски движења. Ова ќе бидат дел до условите за тренинзи на премиерлигашките клубови кои се во надеж дека ќе му се вратат на тренажниот процес од понеделник. Официјалниот протокол за тренинзи денеска бил испратен до играчите и до менаџерите. Социјалното дистанцирање ќе мора строго да се почитува. Максималното траење на тренинзите би било 75 минути.

Играчите ќе бидат под постојано надгледување и со тестирање за коронавирусот двапати во неделата. Секој ден фудбалерите ќе треба да пополнуваат анкети со прашања поврзани за вирусот и секојдневно ќе им се мери температура. Игачите кои имале или ќе имаат  COVID-19 ќе бидат изложени и на разни испитувања поврзани со болести на срцето или компликации на белите дробови пред да им биде дозволено да имаат тренинзи со висок интензитет.

Фудбалерите треба да дадат мислење за ваквиот протокол кој е испишан на 40 страници. Во фокусот ќе бидат играчите кои пријавиле состојби како астма, а во дополнителен ризик се и црномурестите фудбалери. Според Дирекцијата за национална статистика на Британија, луѓето со црна боја на кожата се во двапати поголем ризик за смрт од коронавирусот во однос на белците.

 

 

 

 

Се вчитува...