Фудбалскиот сојуз во Италија побара одложување на Серија А пред дуелот со Македонија

Фудбалскиот сојуз на Италија побара од Серија А да ги одложи натпреварите кои се закажани на 20 март, четири дена пред плеј-оф мечот против Македонија.

Со ова федерацијата сака да му помогне на Роберто Манчини, кој посакува да има одморни играчи во ростерот за важниот натпревар на патот до Мундијалот во Катар.

„Побаравме од Серија А да го одложи првенственото коло на 20 март за да ѝ помогне на репрезентацијата во баражот за Светското првенство. Знаеме дека распоредот во домашното првенство е густ, но ќе видиме што ќе се случи…“, рече првиот човек на федерацијата, Габриеле Гравина.

Дуелот меѓу Италија и Македонија ќе се игра во Палермо на 24. март, и најверојатно ќе биде пред полни трибини на „Ренцо Барбера“.

Се вчитува...