Првиот човек на оделот за борба против финансискиот криминал на најгласната земја против организација на СП во Катар, Норвешка му порача на светот дека треба да се бојкотира претстојниот Мундијал, кој арапската земја до доби со мито и корупција.
Позната е аферата „Катар Гејт“ и начинот како Катар со милијарди евра со посредство на Франција преку екс-претседателот Николас Саркози, со инвестиции во земјата (ПСЖ, Катар Ервејз, БеинСпорт), преку легендата Мишел Платини, бивш прв човек на УЕФА е организирано лоби за да се додели организацијата за СП 2022, со подмитување на членови на Извршниот комитет на ФИФА, вклучително и тогашниот прв човек на светската организација, Сеп Блатер.
„Спортот мора да научи дека корупцијата носи свои конеквенци, а за корупција мора да има консеквенци. Ако СП во Катар мине нормално, без последици, тоа само ќе го зголеми ризикот дека и во иднина на криминален начин, на идни настани, може да има голема корупција која ќе го придвижи спортот во погрешна насока. Ако се базираме на превенција од криминал, Норвешка треба да го бојкотира СП, ама не треба само Норвешка да го стори тоа, треба цел свет да бојкотира“, вели Пал Лонсет, првиот човек на одделот Ококрим.
Скандинавците се најгласни и во обидот ФИФА да го реформира СП и најважниот фудбалски настан да се игра на секои две години, па заедно со соседите објави и отцепување од светската организација ако насила се протурка таа реформа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА